Дома Фудбал Италија Рече дека останува во Јувентус, а сега Алегри е на прагот да го преземе големиот ривал

Рече дека останува во Јувентус, а сега Алегри е на прагот да го преземе големиот ривал

Масимилијано Алегри во неколку наврати ги уверуваше навивачите на Јувентус дека ќе остане тренер на овој тим, но сега се појавија нови вести кои велат дека тој би можел да биде на клупата на својот голем ривал.

Иако Јувентус две сезони по ред е без трофеј, што е недозволиво за клуб со вакво реноме и сето тоа под водство на Масимилијано Алегри, овој човек истакна дека нема намера да поднесе оставка.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И по испаѓањето од Европската лига не сакаше да зборува за заминување, а јасно и гласно кажа дека има намера да остане во клубот, доколку челниците се согласат со тоа.

Имам уште две години од договорот и ќе дадам се од себе Јуве да го вратам на врвот. Од 5 јуни ќе почнеме да планираме за следната сезона“, изјави пред неколку дена Алегри и додаде:

„Во моментов сме втори на теренот оваа сезона. Тоа е подобрување во однос на минатата сезона со сите неволји што ги имавме.

Имавме многу лоша недела, но мораме да се собереме и да останеме фокусирани на преостанатите два натпревари .

Сега сепак од Италија доаѓаат поинакви вести кои велат дека Алегри по двегодишниот мандат ќе го напушти стадионот Алијанц.

Тој наводно е блиску до преземање на актуелниот шампион на Италија, тимот на Наполи, откако Лучијано Спалети, кој го врати скудетото во Неапол по 33 години, го напушти клубот.

Оваа информација ја објави Calciomercato, а наводно на негово доаѓање најмногу инсистира контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

Што се однесува до Алегри, ова му е втор мандат на клупата на Јувентус и досега има водено 105 натпревари.

Претходно тој беше на клупата на оваа екипа од 2014 до 2019 година и пет пати беше шампион на Италија, четири пати го освојуваше купот и два пати суперкупот на оваа земја.

Покрај Јувентус, во кариерата ги водеше Милан, Каљари, Сасуоло, Леко, Гросето, СПАЛ и Аљанезе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Крај на сезоната за Енцо Фернандез!

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез ќе отсуствува до крајот на сезоната по…