Дома Фудбал Лига на шампиони Реткост: Двајца играчи на Барса се запишаа во историјата, а ниту еден од нив не се вика – Меси!

Реткост: Двајца играчи на Барса се запишаа во историјата, а ниту еден од нив не се вика – Меси!

Тимот на Барселона после лошата форма во Ла Лига вчера успеа да стигне до победа против англиски Тотенхем и тоа на „Вембли“ со резултат од 2:4.

На оваа средба Лионел Меси беше стрелец на два погодоци, но и покрај тоа, на оваа средна во фудбалската историја се запишаа двајца негови соиграчи.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Одличен натпревар вчера одигра Жорди Алба кој беше асистент на три од четирите гола и такво нешто на еден дефанзивец во последната деценија ипол му успеало само уште на Филип Лам за Баерн Минхен кој се пензионираше пред неколку години.

Лам до учинок од три асистенции на еден натпревар стигна против тимот на Лил во 2012 година.

Вториот играч кој имаше вечер која ќе ја памети е Иван Ракитиќ. Хрватот постигна гол со фантастичен волеј удар, а овој негов погодок беше 600-ти за Барса во најелитното европско натпреварување.

https://www.youtube.com/watch?v=HMNwyjYIm0Y

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо на удар: Еве што зборуваше некогаш за Светското првенство, а еве што денес!

Кристијано Роналдо повторно даде интервју за британскиот новинар Пирс Морган, предизвикува…