Рома и Интер одиграа фантастилен меч со многу возбудувања, четири гола, но на крајот немаше победник (2:2).
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Рома прва дојде до предност уште на самиот старт со голот на Пелегрини. Интер до крајот на полувремето создаде неколку доби шанси, но не успеа да постигне гол.
Ви вториот дел Интер стигна до комплетен пресврт. Најпрво Скриниар израмни откако беше највисок во скокот после еден корнер, а потоа следуваше „магија“ на Хакими. Мароканецот во 63-та минута го постигна еден од најубавите голови сезона.
Последните дваесет минути и припаднаа на Рома која создаде неколку одлични шанси, бидејќи Интер премногу се повлече.
Конечните 2:2 ги постави Манчини кој со удар со глава го матираше Хандановиќ.