Од документарецот „Последниот танц“во кој се прикажува животот и кариерата на еден од најголемите спортисти на сите времиња, Мајкл Џордан до сега беа емитувани шест епизоди и беа откриени некои детали кои јавноста не ги знаеше за славниот кошаркар.
Режисерот на документарецот најавува дека најдоброто допрва доаѓа. За медиумите тој откри дека следните две епизоди ќе бидат шокантни за јавноста. Дури на него самиот не му се верувало дека Џордан дозволил да бидат објавени.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во следната, седма епизода ќе може да се види како Џордан го удира соиграчот Стив Кер, а неговото однесување било како на диктатор.
„Двете епизоди кои следат ќе ја шокираат јавноста. Не знам дали било убаво со него на тренинг поради некои работи кои ги правел. Мајкл барал тренинзите да бидат потешки од натпреварите. Јас лично сум шокиран од тоа што дозволил да се објават“, изјави режисерот.
"I just haul off and hit him right in the f—ing eye. And Phil just throws me out of practice."
— SportsCenter (@SportsCenter) May 4, 2020
Episodes 7 & 8 air next Sunday at 9 PM ET on ESPN ? #TheLastDance pic.twitter.com/ONZAnjlcbc