Дома Фудбал Репрезентации Револтиран Шпанец: Попрво ќе ја гледам Македонија со Пандев, Барди, Трајковски…отколку оваа Шпанија!

Револтиран Шпанец: Попрво ќе ја гледам Македонија со Пандев, Барди, Трајковски…отколку оваа Шпанија!

Неодамна селекторот на Шпанија го објави списокот за Европското првенство, а изненадување беше што на него не се најде Серхио Рамос, покрај тоа нема ниту еден играч од Реал Мадрид.

Шпанската репрезентација така за првпат на еден голем турнир оди без играч на Реал Мадрид, по неговото објавување на списокот следуваа реакции. Еден шпански навивач незадоволството го изрази користејќи ја нашата репрезентација.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„После еден ден од објавувањето на списокот работите ми се по малку појасни…Имам поголема желба да ја гледам Македонија со Пандев, Барди, Трајковски, Димитриевски и Алиоски, отколку оваа селекција“, гласи објавата на навивачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Тројца фудбалери убиени во Еквадор само овој месец

Тројца професионални фудбалери беа убиени во Еквадор од почетокот на овој месец, пренесе Ф…