Реал Мадрид уште минатиот месец ги направи првите конкретни чекори во преговорите со Челзи околу купувањето на Еден Азар.
Тогаш „Скај Спорт“ ги откри деталите од првата понудата на „кралевите“ која изнесуваше 60 милиони фунти, а истата експресно беше отфрлена од лондонскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Мадрид знаеле дека од Лондон ќе пристигне негативен одговор на оваа понуда, но официјално започна проверувањето на „пулсот“ од страна на „кралевите“.
„Кралскиот“ клуб на овој начин ја стави управата на „сините“ под сериозен притисок поради фактот што договорот на Азар со Челзи истекува во 2020 година.
Англиските медиуми пренесуваат дека Реал сака да го финализира трансферот пред почетокот на трансфер пазарот, па спрема нова понуда која ќе биде испратена до Челзи наредната недела.
„Телеграф“ тврди дека „кралевите“ не се спремни да платат повеќе од 85 милиони фунти за играч на кого му истекува договорот следното лето. Челзи пак останува на ставот дека нема да прифати понуда помала од 100 милиони фунти.
Сепак, „сините“ не се во добра преговарачка позиција бидејќи можат да го изгубат Белгиецот следното лето без обештетување, па ова ќе биде последна шанса за Челзи да заработат од продажбата на Азар.