Дома Трансфер зона Реал ја пронајде замената за Модриќ!

Реал ја пронајде замената за Модриќ!

Хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ е веќе во доцните играчки години, па на „Сантијаго Бернабеу“ размислуваат за тоа кој ќе го наследи.

Јануарскиот трансфер период претставува добра прилика за „Кралскиот клуб“ да ги засили своите редови, а „Марка“ пишува дека на Реал му бил понуден играч кој се наоѓа во одлична форма и кој може да биде замена за Модриќ. Станува збор за играчот на Лион, Набој Фекир (25) кој минатото лето беше доведен во врска со многу европски гиганти.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Реал Мадрид наводно размислува за можноста да го ангажира францускиот фудбалер кој со Лион има договор до јуни 2020. година. Францускиот клуб прави се за да потпише нов договор, но двоумењето од страна на играчот покажува на тоа дека е подготвен за нов чекор во кариерата и поради тоа треба да се очекува Лион да го искористи последниот воз и добро да заработи од продажбата.

Фекир во тековната сезона одигра 16 натпревари во Лига 1 и Лигата на Шампионите и постигна 6 гола со 4 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…