Англиските медиуми тврдат дека Реал Мадрид веќе го договорил првиот трансфер за следното лето, а станува збор за младиот напаѓач на Порто, Андре Силва.
Според пишувањата на „Дејли Стар“, целиот трансфер е веќе договорен, а Реал Мадрид платил 58 милиони евра за купувањето на португалскиот репрезентативец.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Андре Силва беше голема желба на Арсен Венгер и на многу други европски гиганти, но Реал Мадрид ја победи конкуренцијата поради добрите односи со Порто и поради богатата понуда.
Тоа би можело да значи дека еден напаѓач дефинитивно ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“ следното лето. Можно е Мората да остане бидејќи е миленик на навивачите, а клубот да го напушти Карим Бензема со оглед на неговиот приватен живот во последниве години и скандалите кои ги предизвикува, а исто така разочарувачка е и неговата форма.