Дома Топ вести Реал ја користи лошата ситуација во Челзи

Реал ја користи лошата ситуација во Челзи

Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс.

Во шпанскиот гигант го гледаат 22-годишниот Џејмс како долгорочно решение за десната бековска позиција и сакаат да го доведат на лето.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Џејмс ги помина сите младински категории на Челзи, каде е од 2006 година и моментално е стандарден во првиот тим на „сините“.

Особено блеска оваа сезона каде на 26 меча директно учествуваше во 14 погодоци за Челзи, па се етаблираше во еден од најдобрите десни бекови во Премиер лигата.

Челзи во моментов се наоѓа во лоша финансиска состојба и многу ѕвезди би можеле да заминат на лето, па Реал сака да ја искористи таквата ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…