По стапките на Родриго и Винисус би можел да тргне Реинер Жесус!
Реинер важи за еден од најновите таленти на бразилскиот фудбал и му се предвидува светла иднина. Веста како ударна ја пренесе „АС“ со објаснување дека Реал има голема желба да го доведе момчето кое што туку започна да влегува во првиот тим на шампионот на Јужна Америка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Идејата на Реал е што побрзо да стигне до талентот од „Маракана“ и да го врзе на договор на пет или шест сезони, нешто слично како што направија со Родриго и Винисус. Реинер прво би бил дел од младинските категории на Реал или пак оставен во Фламенго уште една, до две сезони.
Според информациите на „АС“ Реал за него е спремен да понуди сума од 30 милиони евра, помалку отколку што платија за Винисус и Родриго. Минатата година Реинер потпиша нов договор со Фламенго до 2024 година, доби поголема плата, но намалена беше откупната клазула од 62 на 35 милиони евра.
За преговори има време затоа што како и да е договорот доколку го има не може да биде потпишан пред 19. јануари, тогаш Реинер станува полнолетен и без никакви проблеми може да се пресели во Европа.
Треба да се спомене дека за овој играч претходно интерес покажуваа Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Арсенал, но изгледа Реал прв направил конкретен потег.