Дома Трансфер зона Реал спреми 90 милиони за наследникот на Модриќ

Реал спреми 90 милиони за наследникот на Модриќ

Реал Мадрид одлучи ова лето да го подмлади тимот со оглед на фактот дека носителите на играта се на залез на кариера.

После комлетирањето на трансферот на Чуамени, сега на мета е младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуди Белингам.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


18-годишниот фудбалер остави одличен впечаток во својата прва сезона во Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.

Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, но Реал Мадрид ќе се обиде да го купи ова лето и да го истави на позајмица уште една сезона во Дортмунд.

Планот е Белингам да пристигне во Реал следното лето и да биде долгорочна замена за Лука Модриќ.

Реал сака да ја победи конкуренцијата од англиските клубови и е спремен да плати 90 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…