Кога Наполи минатото лето од Бетис го доведе Фабиан Руиз, веројатно не можеше да претпостави каква зделка направи.
Младиот 23-годишен играч за врска од тогаш игра одлично, а поради тоа се најде на мета на Реал Мадрид и Барселона, а според последните информации и Манчестер Сити се вклучил во трката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двата шпански клуба го обележаа Руиз како играч кој сакаат да го доведат во јануарскиот трансфер период, а „кралскиот клуб“ според последните информации веќе стапил во контакт со играчот.
Имено, Реал е спремен да го понуди Иско и 20 милиони евра за играчот на Наполи. По доаѓањето на Зидан, Иско не игра премногу и клубот сака да се ослободи од него во јануари.
Анчелоти имаше одлична соработка со Иско, но тешко е да се поверува дека Наполи ќе го пушти еден од своите најдобри фудбалери.