Реал Мадрид е познат по тоа што купува млади талентирани фудбалери, а наскоро би можел да го доведе „бисерот“ на Селта, Габри Виега.
Овој 20-годишен играч за врска импресионираше оваа сезона со своите настапи за Селта Виго. Тој запиша 24 меча во Примера каде постигна 8 гола и запиша 3 асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал внимателно ги следи неговите настапи и сака да го доведе на лето, па спремил понуда од 25 милиони евра.
Шпанските медиуми пренесуваат дека многу европски гиганти се заинтересирани за шпанскиот плејмејкер, па Реал сака да ја победи конкуренцијата.
Меѓутоа, Селта за неговата слобода бара 40 милиони евра, па Реал е спремен во договорот да вклучи и некој од младите фудбалери на „кралевите“.