Пеп Гвардиола сака во летниот преоден рок да го засили средниот ред, а сега има ново име на списокот.
Главна цел беше Даклан Рајс од Вест Хем, но најверојатно Англичанецот кариерата ќе ја продолжи во Арсенал. Поради тоа Мачестер Сити ќе се насочи кон Габри Виега од Селта.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Овој 21-годишен играч за врска импресионираше оваа сезона со своите настапи за Селта Виго.
Шпанските медиуми пренесуваат дека многу европски гиганти се заинтересирани за шпанскиот плејмејкер, па Сити сака да ја победи конкуренцијата.
Селта за неговата слобода бара 40 милиони евра, сума која нема да биде проблем за „граѓаните“.
🚨 Man City are now considering a move for Celta midfielder Gabri Veiga after pulling out of the Declan Rice deal. His release clause is €40m and Liverpool and Chelsea are also interested.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 28, 2023
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/LoH7q5ZpR8