Тони Крос вчера и официјално стави потпис на нов договор со Реал Мадрид до 2022 година, а медиумите најавуваат дека тој е само првиот од редицата фудбалери кои ќе добијат нови договори.
Главна мисија секако ќе биде да се задржи Кристиано Роналдо. Шпанските медиуми пренесуваат дека веќе се започнати преговори и наскоро Портуаглецот ќе потпише нов договор до 2021 година според кој ќе заработува 23 милиони евра по сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Притоа, нови договори наскоро ќе потпишат и Герет Бејл, кој веќе има постигнато договор со раководството за верност до јуни 2022 година, како и Лука Модриќ кој ќе добие нов петгодишен договор.
Најголемо изненадување е тоа што сега се нуди нов договор и за дефанзивецот Пепе, кој требаше да замине на крајот на сезоната, но ќе потпише нов договор до јуни 2018 година.