Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо на „Камп Ноу“, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Реал Мадрид.
Олмо е дете на „Ла Масија“ од каде замина во Динамо Загреб, а веќе неколку сезони игра одлично во Лајпциг.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Олмо има договор со Лајпциг до 2024 година, па Каталонците го советувале да не ја продолжува соработката и да пристигне во Барселона како слободен агент.
Меѓутоа, Лајпциг сака да избегне такво сценарио и ќе го стави Олмо на трансфер пазарот, а таквата ситуација сака да ја искористи Реал Мадрид.
„Кралевите“ сметаат дека Олмо ќе биде идеална замена за Асенсио и немаат проблем да платат 50 милиони евра, колку што бара Лајпциг за неговата слобода.