Дома Фудбал Лига на шампиони Реал со Раул ја освои младинската Лига на шампиони ?

Реал со Раул ја освои младинската Лига на шампиони ?

Mладите фудбалери на Реал Мадрид ја освоија јуниорската Лига на шампионите откако во финалето ја победија Бенфика со 3:0.

Младинскиот тим на Реал до овој трофеј дојде предводен од клупската легенда Раул Гонзалес. Реал подобро го отвори натпреварот и поведе со 2:0 преку Пабло Родригез (26’) и автоголот на Жоку (45’). Гонцало Рамос во 49 минута намали на 2:1, за само една минута подоцна Рамон Гутиерез да ја врати предноста од два гола на Реал.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Бенфика не се предаваше и Рамос во 58 минута постигна втор гол за 3:2.  Рамос имаше шанса и за хет-трик, но промаши пенал на 20 минути до крајот на средбата.

За младинскиот тим на Реал ова е прва титула во јуниорската ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Миовски постигна гол за Ренџерс, но ВАР му ја скрати радоста (Видео)

Бојан Миовски беше во центарот на вниманието на дербито меѓу Ренџерс и Хартс, но неговиот …