Дома Фудбал Реал со кратко соопштение се прости од Азар

Реал со кратко соопштение се прости од Азар

Еден Азар денеска соопшти дека на 33-годишна возраст ја завршува својата играчка кариера.

Азар се повлекува како легенда на Челзи, но и како најголем неуспех на Реал Мадрид, кој го донесе летото 2019 година за 115 милиони евра.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Азар за Реал одигра само 76 натпревари благодарение на серијата повреди, а постигна само седум гола и 12 асистенции. 

„Кралскиот“ клуб денес со кратко соопштение од две реченици се прости од Белгиецот.

„Реал Мадрид искажува благодарност и почит за играчот кој за четири години освои ЛШ, клупско СП, европски суперкуп, два шпански суперкупа, двапати беше шампион во Ла Лига и освои еден Куп на кралот. Му посакуваме на Еден и неговото семејство се најубаво во иднината“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола уште жали: Манчестер сити сака да го врати Палмер – нуди 170 милиони евра!?

Поранешниот помошен тренер на Челси, Џоди Морис, вели дека „сините“ имаат суперѕвезда во ф…