Дома Топ вести Реал смисли генијален план – оваа понуда НИКОЈ не може да ја одбие!

Реал смисли генијален план – оваа понуда НИКОЈ не може да ја одбие!

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид е сериозен во намерата во своите редови да го донесе Килијан Мбапе, па според најновите информации е спремен да ги задоволи дури и желбите на неговите родители.

Најтрофејниот европски клуб е спремен да ја израмни понудата на Манчестер Сити, односно да понуди 130 милиони евра за ѕвездата на Монако. Предност за „кралевите“ е што желбата на Мбапе е да се пресели во Мадрид и да заигра за Реал.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Меѓутоа Французинот и неговите родители сакаат следната година тој да игра на Светското првенство во Русија и поради тоа сакаат уште една година да остане во Монако.

Како што пренесува „АС“ Флорентино Перез е спремен да му ја исполни и оваа желба па планот е да го купи фудбалерот за 130 милиони евра, да го собори светскиот трансфер рекорд, и да го остави на позајмица во Монако една сезона.

Ова би била и за Монако и за играчот феноменална понуда, која тешко може да биде одбиена, а Реал ќе ја добие трката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вардар ослабен ќе ја започне европската сезона

Eкипата на Вардар во СЦ „Јане Сандански“ утре ќе го игра првиот натпревар во Европа по пау…