Дома Фудбал Реал се пласираше во четвртфиналето на Кралскиот Куп, но навивачите се разочарани

Реал се пласираше во четвртфиналето на Кралскиот Куп, но навивачите се разочарани

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Кралскиот Куп откако со вкупен резултат 3:1 беа подобри од Леганес.

Кралевите првиот натпревар минатата недела го добија со 3:0 на Бернабеу, а синоќа во реваншот загубија со 1:0.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Иако никој не им даваше многу шанси, домашните не се преваа во реваншот и го одиграа еден од најдобрите натпревари во сезоната. Дојдоа до водство во 30. минута, но тука не застанаа и продолжија да притискаа кон голот на противникот.

Во последните десетина минути тргнаа на се или ништо и во тие моменти направија неколку одлични шанси, но втор гол никако да постигнат. Од друга страна, Реал напаѓаше преку контри, а најдобрата шанса ја имаше новиот играч Диаз кој во 89. минута ја погоди стативата.

Реал во четвртфиналето им се придружи на Билбао и Џирона кои претходно обезбедија пласман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анализа на вештачката интелигенција: Еве како и зошто Велс ја разби Македонија!

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера доживеа дебакл на гости кај Велс и се врати…