Дома Трансфер зона Реал работи на трансферот на Белингам

Реал работи на трансферот на Белингам

Шпанските медиуми пренесуваат дека главна цел на Реал Мадрид за следното лето ќе биде ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуди Белингам.

18-годишниот фудбалер остави одличен впечаток во својата прва сезона во Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, но планот на Реал Мадрид е Англичанецот да пристигне следното лето и да биде долгорочна замена за Лука Модриќ.

Реал сака да ја победи конкуренцијата од англиските клубови и веќе работи на трансферот, а е спремен да плати 90 милиони евра за неговиот потпис.

„Кралевите“ веќе почнаа со подмладување на тимот, па после Камавинга и Чуамени, следна ѕвезда која ќе пристигне на „Сантиаго Бернабеу“ најверојатно ќе биде Белингам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ сака да го врати Коман

Иднината на Кингсли Коман во Баерн Минхен е неизвесна и ова лето би можел да се врати во П…