Дома Топ вести Реал понудил богатство, Мбапе ги одбил „кралевите“ со зборовите: Реал може да чека!

Реал понудил богатство, Мбапе ги одбил „кралевите“ со зборовите: Реал може да чека!

Долго време Килијан Мбапе низ медиумите се поврзува со Реал Мадрид, па тој трансфер сигурно ќе биде „жешка“ тема и следното лето.

Реал го сакаше Мбапе уште кога за прв пат блесна во европските фудбал во дресот на Монако, меѓутоа младиот фудбалер се одлучи да направи трансфер во Париз.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Поранешниот прв човек на Монако, Вадим Васиљев сега потврди дека Реал сакал да го доведе Мбапе кога играл за Монако, дури и откри дека „кралевите“ понудиле повеќе пари од ПСЖ, но пресудила желбата на фудбалерот.

„Реал Мадрид во 2017 година понуди повеќе пари за Мбапе. Но, тогаш Мбапе ми кажа дека премногу му е рано за трансфер во Реал. Освен тоа тој е Парижанец и сакаше уште да игра во својата земја. Поради тоа му излеговме во пресрет и не му правевме проблеми, иако понудата на ПСЖ беше пониска“, откри Василјев.

„Вадим, ќе биде и тоа наскоро, не сум играл во сопствената земја повеќе од една година, јас сум од Париз, во овој момент не сакам да ја напуштам мојата земја, сакам да станам голем играч тука, Реал Мадрид ќе ме чека“, биле зборовите на Мбапе, открива Василјев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фан на Барселона уапсен за подметнување пожар на автобус со луѓе во Бриж

Полицијата во Бриж уапси фан на Барселона кој го запалил автобусот со фанови пред нерешени…