Дома Трансфер зона Реал подготви замена за Роналдо, пристигнува од Островот!

Реал подготви замена за Роналдо, пристигнува од Островот!

Реал Мадрид не бараше долго време замена за Роналдо кој веќе ги договорил сите услови околу трансферот во Јувентус.

Како што пишува „ОК Дајари“, а пренесува „Калчомеркато“, Реал размислува за можноста да го доведе фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Англискиот репрезентативец не се наоѓа во првиот план кај Мурињо и веќе се шпекулираше за тоа дека 20-годишниот крилен напаѓач привремено би можел да го напушти „Олд Трафорд“ за да добие минутажа.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Изгледа дека Реал во него гледа она што Португалецот не го гледа и сака да го доведе заедно со Мбапе, со кого би правеле супер брз напад на Реал во следната деценија. Доколку остане и Герет Бејл, тоа би можело да значи и најбрзото трио на напаѓачи во светот на фудбалот, но засега се прашува само клубот од „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…