Дома Топ вести Реал планира реконструкција, ќе има „пеколно“ трио во нападот

Реал планира реконструкција, ќе има „пеколно“ трио во нападот

Реал Мадрид планира целосна реконструкција на крајот на сезоната после која „кралевите“ ќе имаат пеколен напад.

Претседателот Флорентино Перез реши да се ослободи од некои фудбалери на крајот на сезоната, меѓу кои се Марсело, Герет Бејл, Иско…

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Планирано е и продолжување на договорот за Лука Модриќ, кој најверојатно во шпанскиот гигант ќе остане уште една година, а потоа Перез ќе тргне по остварување на главната цел.

Потоа Перез ќе тргне по остварување на главната цел, а тоа е Килијан Мбапе.

„Кралевите“ се убедени дека ќе го ангажираат Французинот, зашто тој од следното лето ќе биде слободен играч и не крие дека сака да се пресели во Мадрид.

Планот на Перез бил да се гради ново опасно трио во нападот кое ќе го сочинуваат Мбапе, Карим Бензема и Винисиус Жуниор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…