Дома Трансфер зона Реал му ја отвори излезната врата на четири ѕвезди

Реал му ја отвори излезната врата на четири ѕвезди

Карло Анчелоти се врати минатото лето во Реал Мадрид и навивачите се задоволни со досегашните настапи на „кралевите“.

Анчелоти има широк состав и неколку фудбалери добиваат многу мала минутажа оваа сезона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Реал сака да се ослободи од Еден Азар, но Белгиецот инсистира да остане и да се бори за место во тимот.

Покрај него се отпишани уште тројца фудбалери, а тоа се Иско, Лука Јовиќ и Хесус Ваљехо кои обично натпреварите ги почнуваат од клупата и шанса добиваат во завршницата.

„Кралевите“ ќе се обидат да се ослободат од споменатите фудбалери во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ спреми богати понуди за две ѕвезди од Серија А

ПСЖ веќе ја започна потрагата по замена за Килијан Мбапе, кој ова лето ќе го напушти клубо…