Официјално најдобриот фудбалер во светот, Кристиано Роналдо доби „зелено светло“ од Реал Мадрид да си бара нов клуб, пренесуваат медиумите блиски до „кралскиот“ клуб.
Португалецот сака нов договор, со големо зголемување на платата, но раководството на „кралевите“ не планира да му понуди таков поради неговата возраст.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми открија дека вчера се одржала средба помеѓу агентот на Роналдо, Жорге Мендеш, и челниците на Реал Мадрид. На состанокот било потврдено дека Португалецот нема да добие нов договор, па разделбата е неизбежна.
Реал е подготвен да преговара за продажба на петкратниот освојувач на „Златната топка“. Флорентино Перез сонува да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ Нејмар, а според „АС“, слична зделка може да се реализира за околу 400 милиони евра. Најголемиот дел од овие пари ќе дојдат од евентуалната продажба на Роналдо.
Cristiano Ronaldo supo esta semana que el club blanco no tiene la intención de hacer un esfuerzo económico para satisfacer sus pretensiones económicas en una hipotética renovación https://t.co/AGYLxxNHKj
— AS (@diarioas) June 7, 2018
Постојаните гласини за интересот на Реал кон Нејмар исто го нервираат Кристијано, како и фактот дека Бразилецот добива во ПСЖ 37 милиони евра по сезона, а неговата плата е „само“ 21 милиони.
Во наредните денови претстојат нови разговори меѓу Жорге Мендеш и Реал, но Флорентино веќе му порачал на агентот дека може да бара нов клуб за Роналдо.
При таков случај, Роналдо ќе има две главни опции: да оди во ПСЖ или да се врати во Манчестер Јунајтед. Првата опција е многу пореална бидејќи „светците“ нема да жалаат пари да го донесат во Париз, но самиот Роналдо и неговото семејство преферираат да се вратат во Манчестер.