Дома Топ вести Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Бенфика

Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Бенфика

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.

Скаутите на Реал Мадрид го следат веќе подолго време, а шпанските медиуми тврдат дека „кралевите“ сакаат да го доведат уште во јануари.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Реал Мадрид е во потрага по нов напаѓач, прва желба е Ерлинг Халанд, но тоа е нереална опција за јануарискиот преоден рок.

21-годишниот уругвајски репрезентативец постигна 4 гола на три меча за Бенфика во Лига Европа. Нуњес во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.

Бенфика во септември за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, па Реал сигурно ќе треба да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…