Дома Топ вести Реал Мадрид тргнува по Лаутаро Мартинез

Реал Мадрид тргнува по Лаутаро Мартинез

Италијанските медиуми пласираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Реал Мадрид на лето ќе тргне по Лаутаро Мартинез.

Аргентинецот веќе подолго време е голема трансфер цел на Барселона, но Каталонците немаат финансиски средства да го финализираат трансферот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид е во потрага по напаѓач кој ќе може да биде наследник на Бензема и Зидан смета дека Лаутаро Мартинез би бил идеално решение.

Аргентинецот има откупна клаузула од 111 милиони евра, но поради пандемијата цените на фудбалерите драстично паднаа, па „кралевите“ веруваат дека ќе може да го комплетираат трансферот за 70 милиони евра плус бонуси.

Интер се уште го нема исплатено трансферот на Хакими од 45 милиони евра, па Реал сака дел од трансферот на Лаутаро да го финансира токму со тие пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…