Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
После заминувањето на Бензема Реал е во потрага по врвен напаѓач, а најнотово име на списокот е Лаутаро Мартинез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Килијан Мбапе останува цел број еден за нападот на Реал Мадрид, но Аргентинец е исто така на врвот на листата желби.
Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор до 2026 година, но Интер не ја исклучува можноста за продажба доколку стигне понуда повисока од 100 милиони евра.
Реал веќе стапил во контакт со агентот на Лаутаро и наскоро ќе испрати понуда до Интер.