Дома Топ вести Реал Мадрид спреми понуда за Погба

Реал Мадрид спреми понуда за Погба

Реал Мадрид и ова лето ќе се обиде да го донесе во своите редови Пол Погба и веќе спремил понудата за ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

Зинедин Зидан веќе подолго време сака да го донесе својот сонародник на „Сантиаго Бернабеу“, но минатото лето проблем беше сумата од 150 милиони фунти која ја постави Манчестер Јунајтед.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


После лошата сезона полна со повреди цената на Погба драстично падна, па „кралевите“ се спремни да понудат 70 милиони фунти за неговиот потпис.

Манчестер Јунајтед го донесе Погба од Јувентус пред четири години за 90 милиони фунти, и како што стојат работите, ќе одолее на ваква понуда од Реал Мадрид.

Реал намерно испраќа толку ниска првична понуда за да може да влезе во преговори со „црвените ѓаволи“, но конкуренцијата за Французинот е голема бидејќи за него силен интерес покажуваат уште Јувентус и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…