Реал Мадрид е спремен да го продаде Мартин Одегард доколку пристигне примамлива понуда за него.
Одегард пристигна во Реал во 2015 година како голем талент, но не се развиваше според предвидувањата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Набрзо беше испраќан на многу позајмици, а последните шест месеци играше во Премиер лигата во дресот на Арсенал.
Неговата иднина се уште е неизвесна, Реал го гледа како важен играч, но во исто време се подготвени да го продадат доколку на нивната адреса пристигне понуда вредна 50 милиони евра.
Во следните недели треба да се донесе одлука во врска со неговата иднина, но едно е сигурно – Реал нема намера да го пушта на нова позајмица.
За Одегард има неколку заинтересирани клубови, но никој не е спремен да ја плати сумата која ја бара Реал.