Реал Мадрид одлучил во летото кое следи о да го продаде Ферланд Менди, левиот бек кој во 2019 година пристигна во кралскиот клуб од Лион во трансфер вреден 50 милиони евра.
И покрај добрите настапи на стартот од сезоната, францускиот репрезентативец подоцна имаше големи проблеми со повредите, а конкурентите за неговата позиција во тимот тоа го искористија за да се наметнат кај Анчелоти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Исто така Фран Гарсија следната сезона ќе игра за Реал, па просторот за Менди дополнително ќе се намали. Шпанските медиуми тврдат дека одисејата на Менди во Реал е завршена и додаваат дека клубот ќе се обиде да го продаде за сума слична на онаа што беше издвоена за него пред четири години.
Менди одигра вкупно 130 натпревари за Реал и беше двократен шампион на Шпанија и освојувач на Лигата на шампионите.