Дома Фудбал Реал Мадрид преостанатите натпревари дома оваа сезона нема да ги игра на „Бернабеу“?

Реал Мадрид преостанатите натпревари дома оваа сезона нема да ги игра на „Бернабеу“?

Реал Мадрид преостанатите натпревари би можел да ги игра надвор од „Сантијаго Бернабеу“, пренесува „Марка“.

Во Реал сериозно размислуваат преостанатите натпревари да ги играат на теренот „Алфредо Ди Стефано“ кој се наоѓа во тренинг кампот на „кралевите“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Раководството на Реал до ваква идеја дошло после најавата дека сезоната во Ла Лига ќе се заврши без присуство на публика. Овој период ќе се искористи за забрзување на модернизација на „Бернабеу“.

Работата на кутлниот стадион оди прилично добро. Минатата недела отстранет е кровот на една од трибините. Доколку Ла Лига дозволи Реал да игра на „Алфредо Ди Стефано“ тогаш реновирањето на Бернабеу ќе продолжи без застој до септември.

Инаку, на теренот „Алфредо Ди Стефано“ натпреварите ги игра младинскиот тим на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшна повреда на Мусиала, два црвени картони и победа на Баерн за полуфинале! (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ обезбедија место во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако…