Дома Топ вести Реал Мадрид не се откажува од Мане, но…

Реал Мадрид не се откажува од Мане, но…

Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане е голема трансфер желба на Реал Мадрид, но „кралевите“ тешко дека ќе можат да си го дозволат трансферот ова лето.

Зидан е голем обожавател на играта на Сенегалецот, а „кралевите“ сакаат да донесат нова ѕвезда во нападот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, финансиските загуби поради пандемијата ги расипаа плановите на Реал Мадрид, па тешко дека Мане ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ ова лето.

Мане исто така е заинтересиран за преселба во Мадрид, но Реал ќе мора да продаде неколку играчи за да може да плати 120 милиони фунти за неговиот потпис.

Реал има потешкотии да ги продаде Хамес Родригез и Герет Бејл, па продажбата на Хакими и евентуално Јовиќ нема да биде доволна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…