Дома Останати Кошарка Реал Мадрид нема да толерира: Ќе ги казни своите кошаркари за хаосот против Партизан!

Реал Мадрид нема да толерира: Ќе ги казни своите кошаркари за хаосот против Партизан!

Во Реал Мадрид биле разочарани од однесувањето на нивните кошаркари во натпреварот со Партизан, па поради тоа подготвиле жестоки казни за учесниците.

Шпанските медиуми пишуваат дека некои играчи би можеле да останат и без договор. Се шпекулира дека Гершон Јебуселе кој со боречки зафат го собори Данте Егзум ќе добие раскинување на договорот. Кошаркарот веќе се извини преку социјалните мрежи, меѓутоа во Реал сметале дека сериозно се нарушува имиџот на клубот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Кралевите“ прво ќе почекаат да ги видат санкциите од Евролигата, а потоа ќе се одржи состанок на кој ќе се одлучува за казни од нивна страна.

Партизан е блиску до пласман на фајнл-форот и веќе има 2:0 против шпанскиот гигант. Следниот натпревар помеѓу овие две екипи се игра во вторник во Белград.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Новата сезона на Лигата на шампионите започнува денес

Денес започнува новата сезона на Лигата на шампионите, а ќе заврши на 30 мај 2026 година с…