Дома Трансфер зона Реал Мадрид „краде“ Колумбиец од Бока од пред „носот“ на Тотенхем!

Реал Мадрид „краде“ Колумбиец од Бока од пред „носот“ на Тотенхем!

Фудбалерот кој според голем број медиуми имаше скоро договорен трансфер во Лондон, сепак би можел да заврши во Мадрид.

На почетокот на неделата се појави информација дека Тотенхем постигнал договор со колумбискиот играч за врска од редовите на Бока Јуниорс, Вилмар Бариос.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Овој Колумбиец има 25 години и за Бока игра од 2016 година, а во дресот на репрезентацијата запиша 17 настапи.

Наводно, неговите претставници веќе имале постигнато договор со Спарсите, се било спремно за реализација на трансферот и англискиот клуб бил спремен да ја плати откупната клазула во износ од 23 милиони евра.

Но, кога Реал се вклучил во трката работите малку се промениле. Според информациите, Реал Мадрид го следел колумбискиот репрезентативец во Копа Либертадорес и нивните скаути биле презадоволни од она што тој го покажал.

Како и да е се очекува Бариос да ја промени средината веќе во јануари, а каде ќе заврши останува времето да покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…