Реал Мадрид работи на нов договор со Серхио Рамос, иако имаше шпекулации дека дефанзивецот не може да се договори со претседателот Флорентино Перез, а за секој случај шпанскиот шампион почнал да бара и негов наследник.
„Диарио Спорт“ објави дека на листата со желби на „кралевите“ се наоѓаат Ерик Гарсија од Манчестгер сити и Пау Торес од Вилјареал, додека трета опција би бил Давид Алаба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гарсија и Торес се во потесна конкуренција за да пристигнат во Мадрид, додека на Алаба му се даваат помалку шанси. Торес најверојатно би бил прв избор затоа што има откупна клаузула од 50 милиони евра, но од Реал сметаат дека може да го купат за 30 милиони поради нивниот добар однос со Вилјареал.
Гарсија е втора опција, а тој најверојатно би чинел помалку пари, односно меѓу 20 и 23 милиони евра.