Дома Трансфер зона „Реал Мадрид има договор со Мбапе и неговото семејство“

„Реал Мадрид има договор со Мбапе и неговото семејство“

Килијан Мбапе зад себе има уште една многу добра сезона во ПСЖ, но константно се пишува за негово заминување од клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Француските и шпанските медиуми го поврзуваат Мбапе со трансфер во Реал Мадрид, а после се огласи и Бруно Сатин.

Тој тврди дека има информација дека Мбапе и неговото семејство постигнале договор за трансфер во Реал Мадрид.

„Чувствувам дека е спремен да замине. Имам информација дека Мбапе и неговото семејство имаат договор со Реал. Сепак треба да се постигне договор и со ПСЖ“, изјави Сатин за „Канал Плус“.
Мбапе член на ПСЖ стана во 2017 година. Пристигна на едногодишна позајмица од Монако, а една година подоцна потпиша договор со ПСЖ.

ПСЖ за неговите услуги издвои дури 180 милиони евра и после Нејмар (222) го направи втор најскап фудбалер во светот.

Во дресот на францускиот клуб Мбапе има учинок од 131 гол на 170 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…