Дома Трансфер зона Реал Мадрид „извиси“ за „новиот Погба“

Реал Мадрид „извиси“ за „новиот Погба“

Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.

17-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен и ги импресионираше фудбалските критичари кои му предвидуваат блескава кариера.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.

Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга и спреми понуда од 60 милиони евра.

Меѓутоа, со завршувањето на Лига 1, Рен избори пласман во Лигата  на шампиони, па најави дека нема да ги продава своите најдобри играчи.

Претседателот на Рен изјави дека е спремен да ја одбие секоја понуда за Камавинга и сака да го задржи талентот по секоја цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…