Дома Фудбал Реал Мадрид е клубот кој „страда“ најмногу од ВАР

Реал Мадрид е клубот кој „страда“ најмногу од ВАР

Тимовите на Реал Мадрид и Рајо Валекано до овој момент најмногу „настрадале“ по судиските одлуки донесени со ВАР консултација во Примера, пренесува „АС“.

Актуелниот европски шампион цели шест пати (иско колку и Рајо) бил разочаран после употребата на новата технологија. Само во два случаи ВАР донесол одлука во полза на „кралевите“ оваа сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Синоќа после ВАР консултација судијата Ернандес му призна гол на Серхио Рамос, но ги поништи головите на Лука Модриќ и Марко Асенсио поради офсајд.

Во првото Ел Класико оваа сезона ВАР и помогна на Барселона, откако повторената снимка покажа прекршок од Варан над Луис Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез на Божиќ зборуваше за „најголемиот скандал во историјата на фудбалот“ – доби жесток одговор од Лапорта

Ривалството меѓу Реал Мадрид и Барселона влезе во нова фаза пред Божиќ, а не станува збор …