Изгледа дека за Солари нема никаква надеж.
Имено, по информацијата дека бил на вечера со Флорентино Перез, шпанските медиуми се сигурни, соопштени му се неговите забелешки, но и тоа дека нема да биде тренер следната година, дури и ако ја освои Лигата на Шампионите.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Од што не се задоволни во Мадрид?
Аргентинецот обвинува дека нема авторитет, дека ги фаворизира некои играчи, дека фудбалерите повеќе го слушаат кондициониот тренер кој со Зидан правеше чуда и дека постои нерасположение кај повеќе играчи кога станува збор за одлуките на Солари. Не е проблем само Иско, неколку играчи не сфаќаат зошто Солари нема исти став кон своите играчи. Исто така Асенсио делува изгубено, Марсело е на излезни врати, а Бејл далеку од форма.
Изгледа дека екипата не го прифати Солари како постојано решение, дека нема поддршка во горните ешалони, иако Перез имаше друго мислење. Следува потрага по тренер. Како и обично, се појавија доста имиња, Покетино е пред сите, па Алегри, изгледа дека Конте отпадна, но прашањето е колку сите овие цели се реални.
Во секој случај, Реал ќе бара нов тренер, Солари има договор до 2021. година, но и „квака“, ако на лето не биде задоволен, ќе може да го раскине договорот без никаков надомест.