Шпанскиот гигант Реал Мадрид покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, пренесува „Дејли Мејл“.




Анчелоти сака да ја засили одбраната, па прва мета на „кралевите“ е токму Гомез од Ливерпул.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
24-годишниот Англичанец има проблем со повредите оваа сезона, па запиша само три настапи за Ливерпул, но веќе се етаблираше во еден од најдобрите млади стопери во Европа.




Гомез е прва желба, но не е единствена опца за Реал, кој внимателно ја следи ситуацијата и со Рудигер од Челзи, Кунде од Севиља и Пау Торес од Виљареал.