Во март месец минатата година Реал Мадрид официјално го потврди трансферот на Едер Милитао од Порто за 50 милиони евра.
Според „АС“ пред една година раководните луѓе на Реал Мадрид разгледувале две варијанти за нов централен дефанзивец – Милитао и Матијас де Лихт од Ајакс. „Кралевите“ на крајот го избрале Бразилецот поради неколку аргументи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според мадридскиот весник Де Лихт сигуно ќе бил поскап, иако во март Ајакс се уште немаше направено подвид во ЛШ и цената на Холанѓанецот не беше толку висока. Минатото лето Де Лихт се пресели во Јувентус за 75 милиони евра плус 10 милиони како бонуси.
Во спортско – технички аспект Милитао исто така повеќе им се допаѓал на раководните луѓе. Тој е брз, има одлична техника и игра одлично со топка. Сепак, Бразилецот ретко добива шанса оваа сезона бидејќи Серхио Рамос и Варан се незаменливи на тие позиции.