Дома Трансфер зона Реал Мадрид веќе работи на првиот летен трансфер

Реал Мадрид веќе работи на првиот летен трансфер

Примарна цел на Реал Мадрид на лето ќе биде засилување на одбраната, без разлика дали Рамос ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“.

Како што пренесува доброинформираната „Марка“, прв на листата желби на „кралевите“ е дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


24-годишниот Торес е шпански репрезентативец и еден од најдобрите дефанзивци во Примера и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Откупната клаузула на играчот на „жолтата подморница“ е 50 милиони евра, но Реал ќе се обиде да ја намали таа цена преку преговори.

За дефанзивецот интерес покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Арсенал, но „кралевите“ се спремни да ја победат конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…