Дома Трансфер зона Реал и Милан го договорија трансферот на Брахим Дијаз

Реал и Милан го договорија трансферот на Брахим Дијаз

Милан постигна договор со Реал Мадрид за трансфер на Брахим Дијаз, пренесуваат италијанските медиуми.

Брахим Дијаз минатото лето се пресели од Реал Мадрид на позајмица во Милан. Одигра одлична сезона и покажа дека е еден од најголемите шпански таленти.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Шпанецот пристигна на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица без опција за откуп, но Милан сакаше да го задржи, па започна преговори со „кралевите“.

„Калчомеркато“ пренесува дека двете страни постигнале договор и Брахим Дијаз ќе се пресели на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица, но Милан ќе има опција да го откупи за 22 милиони евра.

Реал во договорот ќе има бај-бек клаузула и во следните две години ќе може да го врати Шпанецот за 27 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…