Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид и Ливерпул спремаат сензационална трампа.
Иако односите помеѓу овие два клуба не се на најдобро можно ниво после финалето од Лигата на шампиони и „дуелот“ помеѓу Серхио Рамос и Мохамед Салах, сепак би можеле да соработуваат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, шпанските медиуми ја пласираа информацијата дека Реал Мадрид е спремен да го понуди Тони Крос и пари за на „Сантиаго Бернабеу“ да го донесе фантастичниот Египќанец.
Најголем проблем претставува тоа што Ливерпул не сака да се откаже од својот најдобар играч.
Меѓутоа, Реал не се откажува од намерата да го донесе Салах во своите редови, па е спремен дури да ги „жртвува“ Иско и Марко Асенсио.
„Кралевите“ на лето спремаат голема реконструкција на тимот, па за очекување е да пристигнат неколку големи ѕвезди на „Сантиго Бернабеу“.