Реал Мадрид ќе се обиде да го убеди напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, да почека уште една година пред да биде привлечен на „Сантијаго Бернабеу“.
Не е тајна дека „кралевите“ имаат сериозен интерес за Норвежанецот, но клубот се двоуми дали да го купи ова лето. Една од причините е што речиси сигурно ќе ја доведат другата голема ѕвезда на европскиот фудбал, Килијан Мбапе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал му предложил на Халанд да остане уште една сезона во Борусија Дортмунд, а потоа во 2023 година да направи трансфер со кој ќе ги добие и посакуваните финансиски услови во „кралскиот“ клуб.
Притоа на „Сантијаго Бернабеу“ сакаат да го задржат Карим Бензема барем уште една година, бидејќи Французинот игра во одлична форма. Французинот ќе остане во Мадрид до јуни 2023 година, па токму Халанд би бил негов природен наследник.
Халанд е на мета на многу европски гиганти, па останува да видиме дали ќе го прифати предлогот на Реал Мадрид или ова лето ќе направи трансфер.