По заминувањето на Роналдо од Реал во Јувентус, Герет Бејл требаше да ја превземе главната улога во тимот од Мадрид.
Меѓутоа, Велшанецот разочара со игрите во Мадрид и во последно време дури и тешко ги започува натпреварите во стартниот состав со оглед на тоа што Солари повеќе го преферира Винициус Јуниор. Бејл на крајот од минатата сезона сакаше да го напушти Реал, но заминувањето на Роналдо го предомисли, па Велшанецот остана и требаше да биде следниот лидер на Мадриѓаните.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Иако имаше прилика да се докаже, тој целосно разочара и многумина пишуваа за неговото заминување од клубот оваа зима, но тоа не се случи и Бејл остана во клубот. Шпанскиот весник „Марка“ денеска донесува вест дека Реал на лето ќе го понуди Бејл на Тотенхем како замена за Ериксен. Со оглед на тоа што Бејл играше во Тотенхем шест години пред да се пресели во Реал, многу лесно би можело да дојде до оваа замена.