Реал Мадрид има големи планови и сака да ги донесе двајцата најдобри млади фудбалери во светот, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд за сезоната 2024/25.
Весникот „АС“ откирва дека во Реал Мадрид се оптимисти дека летото 2024 година можат да го доведат Ерлинг Халанд. Весникот тврди дека постои откупна клаузула во неговиот договор со Манчестер Сити.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, за активирање на клаузулата Реал Мадрид ќе треба да плати помеѓу 220 и 240 милиони евра.
Овој трансфер нема да биде алтерантива на Килијан Мбапе, напротив, Реал сака да ги донесе двајцата во „пакет“. На Французинот му истекува договорот со ПСЖ следното лето и може како слободен агент да пристигне на „Сантиаго Бернабеу“.
Реал Мадрид ќе треба да обезбеди огромен буџет за плати, но тоа ќе го овозможи со заминувањето на Азар, Бензема, Модриќ и Крос.