Дома Фудбал Реал заработи богатство од играч без минутажа за клубот

Реал заработи богатство од играч без минутажа за клубот

РАФА МАРИН (22), стоперот на Реал ќе стане нов играч на Наполи. Се е договорено за неговиот трансфер со отштета од 12 милиони евра.

Сепак, многу љубители на фудбалот не ни слушнале за овој играч, ниту пак знаат дека се сели од еден гигант во друг за толку висока сума.


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Особено ако се додаде дека се работи за играч кој нема одиграно ниту една минута за сениорскиот тим на Реал. Затоа „Марка“ ја носи веста за овој трансфер под наслов „Историска работа на Реал“ и ги истакнува неговите интересни детали.

Марин го привлече вниманието на Антонио Конте и трансферот во Наполи со одличната сезона на позајмица во Алавес, каде ја одигра првата сениорска сезона во кариерата.

„Ова е операција која ќе ја остави касата на Реал со досега невидена сума за играч кој не играл ниту една минута за сениорите“, пишува Maркa и открива:

„Наполи му плаќа на Реал 12 милиони евра, но Реал има право да го откупи играчот за 25 милиони евра во 2026 година и 35 милиони евра во 2027 година. Но тоа не е се.

Ако за време на првата сезона на Марин во Наполи неговиот нов клуб му плати на Реал уште 10 милиони евра, тогаш Реал мора да го купи за 50 или 70 милиони евра. Реал затоа може да земе историско богатство, 22 милиони евра, за играч кој беше само шест пати резерва кај сениорите, но не одигра ниту една минута за нив“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Храбрата Турција не издржа: Холандија со пресврт закажа полуфинале со Англија! 🎥

Oдигра храбро Турција и остави добар впечаток, но сепак Холандија е последниот полуфиналис…